(Видео) Со кренати палци таткото на убиената Вања ги отпоздрави новинарите
Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка. Новинарите кои долго денеска го чекаа неговото носење, беа изненадени од неговиот гест.
Тој без коментар ги крена двата палци да ги отпоздрави новинарите, иако рацете му беа врзани.
Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата 14 годишна ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата.
Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит. Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.