Македонија

(Видео) Еден од уапсените за убиствата барал доктори во притвор, оти не му било добро

Еден од тројцата уапсени и осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, барал да биде прегледан од доктор, жалејќи се дека му е лошо, дознава „Скопје1“. Станува збор за Велибор Манев, кој раскажа што се и правеле на Вања, но и на Панче, пред да бидат убиени. Тој барал да биде спроведен на доктор, посочувајќи дека има здравствен проблем. „Скопје1“ исконтактира со Филип Андов, директор на затворот „Скопје“. Тој посочува дека имало поплаки, но дека се е во ред.

„Проверена е состојбата, Улицето е во добра општа здравствена состојба“, вели Андов за „Скопје1“.

Манев вчера беше спроведен од полициска станица во Кривичен суд. Таму му беше одреден 48 часовен притвор, кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка. Манев кога влезе во судот, прашан од „Скопје1“ дали го сторил убиството, одговори со: „не“. Тој го призна злочинот кој го направиле заедно со групата, предводена од Љупчо Палески-Палчо.

На почеток