Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви. Слаб снег провејува на ГП Деве Баир и на Попова Шапка.
ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони