Македонија

Митрополит Петар: МПЦ нема да го менува називот

МПЦ-ОА не планира да го промени своето име и покрај тоа што државата го смени уставното име во Република Северна Македонија, изјави денеска Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Петар.

„Ние не можеме никому да му заповедаме, да му наредиме како ќе не вика нас, но ние ќе си се викаме така како што сме. Моите мислења и ставови не се поразлични од ставовите на светиот Синод и остануваме на сите тие ставови. Едно име имаме, така е песната.

Ние ќе инсистираме да бидеме признаени под нашето име, што не е случај досега со ниту една црква по етничка основа да биде признаена, туку се признавани еве да споменеме, Цариградската патријаршија, Александриска патријаршија, Ерусалимска патријаршија, Антиохиска црква. Но како и да биде, ние сме биле Охридска архиепископија и ја обновивме Охридската архиепископија и не можеме да бегаме од фактот дека сме биле и сме обновена Охридска архиепископија и Јустинијана прима, бидејќи станува збор за цркви кои биле на нашите простори, на просторите на Република Македонија“, изјави Митрополитот Петар.

На почеток