Обдукцијата за Вања завршена, дадени одговорите кога е убиена, дали има траги на насилство, како е убиена
Завршена е обдукцијата на телото на Вања Ѓорчевска, кој треба да ги даде одговорите на повеќе прашања, а меѓу другото и на тоа – како е убиена и кога настапила смртта, но и дали има траги на насилство. Ова ќе биде еден од клучните и крунските докази во постапката против лицата Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски.
Телото на убиената Вања е предадено на мајката Зорица, по што ќе биде закажан погреб.
Детали од наодот нема да се споделат во јавноста, а во интерес на истрагата, соопштија од Обвинителството. Од него може да се соопштат само изолирани моменти, како што е времето на настапување на смртта, но и причинител – огнено оружје, задушување или нешто трето.
Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски се во притвор, а по Палчо е распишана меѓународна потерница. Неговата траекторија на движење е Србија-Бугарија-Турција. Не може да помине граница, бидејќи би бил уапсен. Се проценува дека ниту една земја не може и нема да му даде азил додека е во бегство.