Свет

Алкохолизиран Македонец предизвика сообраќајка во Истра: Излетал со автомобил, удрил во автобус

Излетал со возилото од пат, удрил во патоказ, па во автобус: алкохолизиран Македонец предизвика сообраќајка во Истра

Хрватската полиција вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус.

Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Северна Македонија, под дејство на алкохол од 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистрации на коловозот Бадерна – Пазин. Возачот не се движел среде обележаната сообраќајна лента, туку излетал надвор од коловозот и удрил во патоказ, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус со риечки регистарски ознаки, управуван од 45-годишен човек.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците не е повреден.

Против 41-годишникот се поведуваат прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

На почеток