Свет

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува поради вооружените борби меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

dobivaj vesti na viber

Заменик-директорот на Светската програма за храна на ОН, Карл Скау, изјави дека само дел од потребните залихи може да влезе во Појасот Газа и изјави дека „девет од 10 луѓе не можат да јадат секој ден“, пренесува Би-би-си.

„Условите во Појасот Газа ја направија испораката на помош речиси невозможна“, посочи Скау, додавајќи дека е отворен само граничниот премин Рафах кон Египет, преку кој до палестинската енклава стигнуваат ограничени количини помош.

Скау рече дека за време на овонеделната посета на Газа, тој и неговиот тим виделе „страв, хаос и очај“ и дека биле сведоци на „метеж во магацините и местата за дистрибуција, со илјадници очајни гладни луѓе“, пренесува Независне.

Скау изјави дека виделе „целосно празни продавници“ и „пренаселени засолништа“.

На почеток