Свет

(Видео) Илјадници на улиците на Шпанија на пропалестински протести: „Запрете го геноцидот“

(Видео) Илјадници на улиците на Шпанија на пропалестински протести: „Запрете го геноцидот“

Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Шпанија на 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, протестирајќи против израелските убиства на цивили во Појасот Газа и кршењето на палестинските права. Демонстрантите со палестински знамиња се собраа на главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол, пред зградата на регионалната влада.

dobivaj vesti na viber

„Денес, на меѓународниот ден на човековите права, не смееме да ја заборавиме Палестина“, порачаа организаторите. Од толпата извикуваа „Слобода за Палестина“, „Запрете го геноцидот во Газа“ и „Израел, терористичка држава“. Демонстрантите во Памплона, на северот на Шпанија, побараа „запирање на геноцидот врз Палестинците“ и крај на израелската воена операција.

„Човековите права умреа затоа што Израел, со безусловна поддршка на САД и ЕУ, спроведува геноцид како што е дефинирано од Високиот комесаријат за човекови права на ОН“, рече Лидон Сориано пред платформата „Бојкотирај го Израел“, која го организираше собирот.

Поворката носеше транспарент на кој пишуваше „Стоп за холокаустот во Палестина“. Сличен протест се одржа и во Кордоба, на југот на земјата, но и на други места во Баскија.

Во изминатите два месеци израелската армија уби повеќе од 17.000 палестински цивили, од кои 70 отсто жени и деца, објави здравствената служба во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека ќе ја продолжи „праведната војна за елиминирање на Хамас“.

На почеток