Пензиониран заменик командант на дивизијата на израелската армија во Газа за Би-би-си изјави дека конфликтот може да трае уште два месеци.
„Сега сме во клучна фаза. Се повеќе терористи се предаваат. За една или две недели ИДФ ќе има целосна контрола врз северниот дел на Појасот Газа“, изјави Амир Авиви.
„Тоа е многу густа област, упориште на Хамас, но географски тоа е само 20 отсто од Појасот Газа. Како и да е, тоа е важно достигнување“, додаде тој.