Свет

Украински министер: Доколку не ни ги отворите преговорите со ЕУ, последиците ќе бидат разорни

Украински министер: Доколку не ни ги отворите преговорите со ЕУ, последиците ќе бидат разорни

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба предупреди на „погубни последици“ во случај на недостиг на консензус меѓу 27-члениот блок за отворање на пристапните преговори на неговата земја со Европската унија.

dobivaj vesti na viber

„Не можам да замислам, дури и не сакам да зборувам за катастрофалните последици што би резултирале доколку Европскиот совет од 27 не ја донесе таа одлука“, рече Кулеба, нарекувајќи ја „мајката на сите одлуки“.

Тој смета дека неуспехот да се донесе одлука за отворање на пристапните преговори би било штетно не само за Украина, туку и за процесот на проширување на ЕУ.

„Ние го завршивме нашиот дел. Очекуваме ЕУ да го направи својот дел“, рече шефот на украинската дипломатија и и порача на Европа дека „не може да оди против текот на историјата“.

„Украина ќе стане членка на ЕУ. Единственото прашање е дали некој ќе го забави тој процес, кој би имал цена, или ќе напредуваме без прекин“, додаде Кулеба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан останува непопустлив во своето противење на отворањето на пристапните преговори со Киев и зголемената помош за Украина. Во ноември, Европската комисија се залагаше за отворање на пристапните преговори во ЕУ со Украина и Молдавија, две земји кои добија кандидатски статус во јуни 2022 година.

Комисијата, исто така, предложи до 2027 година да се доделат 50 милијарди долари помош за Украина.

На почеток