Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ, откако специјалниот советник на министерот на локалната телевизиска мрежа Мрежи тв. им понудил закуп на рекламен простор од голем број државни фирми и институции, во замена за пари.
Транскриптот од разговорот на специјалниот советник Јурица Ловринчевиќ и новинар на ТВ Мрежа е објавен во најновиот број на хрватскиот неделник Национал.
Канцеларијата за борба против корупција и криминал (УСКОК) соопшти дека спроведува истрага.
„Поради бројните прашања на медиумите поврзани со акцијата врз основа на текстот објавен во денешен Национал, во кој се покренаа сомневања за извршување на коруптивни кривични дела, ја потврдуваме истрагата за предметниот случај“, објави УСКОК.
Одд таму изјавија дека по добивањето на потребните податоци и согледувањето на сите релевантни околности, навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошно постапување.