Македонија

МНАВ со демант на најавата дека нема да се лета за Нова година

МНАВ испрати демант поврзан со најавата дека нема да се лета од 31 декември до 02 јануари поради протест. Демантот се однесува на Александар Тасевски. Во целост:

„Почитувани,

Во врска со последната изјава од ССКЛ дека УО на М-НАВ Ад Скопје не го почитува Договорот со распишување на огласи за вработување на несуштински кадар Ве известуваме дека се неточни и дека објавените огласи се во согласност со финансискиот план за 2023 година, одобрен од Влада на РСМ и добиена согласност од Министерството за Финансии. Запазени се законските рокови утврдени во законот за работни односи и огласите се со рок за пријавување од 10 дена а не се со рок од 2 дена како што е изнесено во јавноста од страна на претседателот на ССКЛ.
Во однос на изјавата дека Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје објавува огласи за несуштински профили истото категорично го отфрламе како неосновано бидејќи ни се потребни кандидати од професионален,оперативен профил, инженери, техничари и метео персонал, оператор во центар за одобрување на летови, преведувач од македонски на албански јазик што е законска обврска која произлегува од законот за употреба на јазиците. Потребата за деловен асистент во секторот за воздухопловна навигација и самостоен советник-сметководител во одделение за финансии е неопходна. Но оглас за самостоен советник во одделение за човечки ресурси НЕ е објавен.
Овој демант го пишуваме сега и дека ние како сериозна компанија која што се грижи за безбедноста над нашето небо не би сакале понатаму да влегуваме во преписки и дописки со Александар Тасевски кој има деструктивни идеи за нашата компанија и има амбиции да заземе водечка позиција во М-НАВ.
Огласите се јавни и на истите може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите.

Секогаш сме биле коректни и траспаренти и Ви стоиме на располагање за било која НОРМАЛНА И РЕАЛНА ИНФОРМАЦИЈА, А НЕ СО ЛАГИ И КЛЕВЕТИ.

УО на М-НАВ АД Скопје“

На почеток