Свет

Хамас: Подготвени сме за размена на затвореници, но прво прекин на огнот

Хамас: Подготвени сме за размена на затвореници, но прво прекин на огнот

Палестинската милитантна група Хамас објави дека нема да се согласи на друг договор за ослободување на заложниците што ги држи во Газа доколку, како што наведе, не престане израелската агресија врз Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

„Го потврдуваме нашиот став дека нема да отвориме никакви преговори за размена на затвореници доколку еднаш засекогаш не престане агресијата врз нашиот народ“, се наведува во соопштението на Хамас.

Се додава дека овој став Хамас им го пренел на посредниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

Милитантната група „Исламски џихад“, исто така, рече за ослободување на заложниците ќе се разговара само по генерален прекин на огнот.

„Подготвени сме за размена на заробеници, но попрекин на огнот, посветени сме на тој услов“, изјави претставникот на Исламски џихад.

На почеток