Свет

Трамп заборави дека има четири деца со имигрантки: Повторно вели дека имигрантите ја трујат крвта на Америка

Трамп заборави дека има четири деца со имигрантки: Повторно вели дека имигрантите ја трујат крвта на Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од претендентите на републиканците за учество во новата претседателска трка, следната година во ноември, на собир во Њу Хемпшир излезе со скандалозно тврдење со кое ги обвини имигрантите за, како што кажа, „труење на крвта на Америка“.

dobivaj vesti na viber

„Гардијан„ наведува дека ваквата изјава на Трамп доаѓа само неколку недели откако делови од американското општество што тој не ги сака, ги опиша како „штетници“.

Јавно осуден за неговите претходни изјави, кога се закани дека, како што наведе, „ќе ги искорени комунистите, марксистите, фашистите и радикалните левичари кои живеат како штетници во Америка, лажат, крадат и мамат на избори“, Трамп повторно грубо настапи пред на своите поддржувачи, изјавувајќи дека имигрантите ја „трујат крвта на нашата земја (САД)“.

-Тие ја трујат крвта на нашата земја. Тоа го прават. Тие трујат ментални институции и затвори низ целиот свет, не само во Јужна Америка, туку и низ целиот свет. Тие доаѓаат во нашата земја, од Африка, од Азија, од целиот свет, им кажа Трамп на насобраните поддржувачи.

Ова е вторпат Трамп да го користи терминот „отровна крв“, што во јавноста наиде на широка осуда како расистичка реторика, пишува „Гардијан“ и наведува дека Трамп овој термин првпат го употреби во октомври.

Инаку Трамп има четири деца од две сопруги имигрантки во Америка – Ивана со Чешка со која има три деца и Меланија од Словенија со која има едно дете. Има и вонбрачна ќерка со Британка.

На почеток