Свет

Предвремени избори во Србија: Излезните анкети најавуваат победа на Вучиќ во парламентот, но Белград го добива опозицијата

Предвремени избори во Србија: Излезните анкети најавуваат победа на Вучиќ во парламентот, но Белград го добива опозицијата

Во Србија денеска се гласаше на предвремени избори. Последните анкети покажуваат дека Вучиќ и социјалистите, кои се неговите традиционални коалициски партнери, можат да соберат повеќе од 50 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција „Србија против насилството“ добива поддршка од речиси 24 отсто.

dobivaj vesti na viber

Според излезните акнети, се очекува уште три коалиции да го поминат прагот од три проценти за влез во парламентот.

Вкупно 18 партии и здруженија беа со амбиции да ги освојат гласовите од 6,5 милиони гласачи за 250 места во парламентот.

За разлика од поголемиот дел од Србија, од деветмината кандидати за градоначалник на Белград шансите се на страната на опозицијата. Во Белград во водство и за градоначалник и за советот на градот води опозициската коалиција „Србија против насилството“ на која, барем засега, ѝ се даваат најголеми шанси за победа.

На почеток