Македонија

Кривична против маж од велешко, понудил 50 евра на полицаец за да пушти лице да излезе од државата

Кривична против маж од велешко, понудил 50 евра на полицаец за да пушти лице да излезе од државата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 48-годишниот Н.Џ. од село Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, извести МВР.

На 27.11.2023 на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, пријавениот на полициски службеник му понудил поткуп од 50 евра за да пушти лице од село Бузалково за кое има „Судска забрана за излез од РСМ“, соопшти МВР.

На почеток