Свет

(Видео) Немири во Белград, опозициските лидери започнуваат штрајк со глад

(Видео) Немири во Белград, опозициските лидери започнуваат штрајк со глад

Предвремените избори во Србија во неделата беа обележани со доминација на претседателот Александар Вучиќ во кампањата, што заедно со нелојалната конкуренција, пристрасните медиуми и бројните нерегуларности придонесе за нерамномерни изборни услови, оценија во понеделник меѓународните набљудувачи.

dobivaj vesti na viber

Владејачката Српска напредна партија (СНС), од чие раководство Вучиќ формално се повлече во мај оваа година, освои 46,3 отсто од гласовите, што ќе и обезбеди 128 мандати во 250-члениот парламент, покажуваат прелиминарните резултати на Комисијата врз основа на 99,8 отсто од преброените гласови.

Проевропската опозициска коалиција на левиот центар „Србија против насилството“ со 23,6 отсто од гласовите ќе има 65 места во парламентот, а социјалистите на претходниот коалициски партнер на Вучиќ, Ивица Дачиќ со 6,6 отсто ќе имаат 18 мандати.

Пред РИК се одржува протестен состанок на коалицијата „Србија против насилство“

Неколку илјади граѓани се собраа во 18 часот пред Собранието на Белград, а потоа колоната дојде до зградата на Републичката изборна комисија (РИК) каде, како што најавија, ќе ги предадат доказите за изборните нерегуларности во Белград.

Алексиќ и Тепиќ, лидерите на коалицијата Србија против насилство, започнаа штрајк со глад
Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ започнуваат штрајк со глад до поништување на изборите во Белград, објави Тепиќ вечерва пред зградата на РИК.

На почеток