Свет

(Видео) Драматични снимки од голема вулканска ерупција на Исланд: eвакуирани речиси 4.000 жители

(Видео) Драматични снимки од голема вулканска ерупција на Исланд: eвакуирани речиси 4.000 жители

На југозапад од Исланд вчера еруптираше вулкан по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти метеоролошката служба на таа земја.

dobivaj vesti na viber

На полуостровот Рејкјанес, локалните власти евакуираа речиси 4.000 жители на градот Гриндавик во последните денови и ја затворија блиската геотермална бања Сина лагуна, јавува Ројтерс.

Ова е четврта вулканска ерупција на Исланд во последните три години.

На ерупцијата и претходела, како што јави „Исланд монитор“, силен рој земјотреси вчера вечер околу 21 часот на полуостровот Рејкјанес.

Непроверените податоци, на кои се повикува тој портал, укажуваат дека најголемиот земјотрес во серијата бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала и дека се случил во 21:03 часот по локално време.

На полуостровот Рејкјанес почна да еруптира вулкан, а вулканологот Торвалд Тордарсон вели дека на прв поглед ова е најлошото сценарио.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, лавата изби спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

Во изминатите недели веќе беше извршена евакуација, а речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик се преместени на безбедно.

На почеток