Свет

СЗО: Новиот вид на коронавирус претставува низок ризик за здравјето на луѓето

СЗО: Новиот вид на коронавирус претставува низок ризик за здравјето на луѓето

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира видот на корона вирусот JN.1 како „варијанта од интерес“, наведувајќи дека во моментов постои мал ризик од овој вид по здравјето на луѓето.

dobivaj vesti na viber

Двајца експерти за Ројтерс изјавија дека овој вид полесно се пренесува од другите варијанти на корона, но дека не предизвикува потешки форми на болеста.

СЗО соопшти дека постојните вакцини ќе продолжат да штитат од JN.1 и други соеви на корона кои моментално циркулираат.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави претходно овој месец дека подваријантата JN.1 опфаќа околу 15 до 29 отсто од случаите на корона во САД заклучно со 8 декември.

JN.1 првпат беше откриен во САД во септември, а минатата недела седум инфекции со сојот беа откриени во Кина.

На почеток