Свет

Шпанската принцеза фотографирана како оди на воена служба

Шпанската принцеза фотографирана како оди на воена служба

Шпанската принцеза Леонор пристигна на Пиринеите, каде што во наредниот период ќе посетува воена обука.

dobivaj vesti na viber

Фотографите ја фотографираа идната шпанска кралица на скијачката патека со други кадети. Таа ја почна својата прва година на воена обука во август минатата година.

„Како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот мора да има воена кариера. Во догледно време жена ќе биде врховен командант на вооружените сили. Во последните неколку години вложуваме големи напори да ги вклучиме жените во вооружените сили“, изјави претходно министерката за одбрана, Маргарита Роблес.

Во октомври Леонор положи заклетва и на тој начин го доби основниот услов да стане кралица на Шпанија. Во полната сала на Конгресот на Шпанија, на церемонијата на полагање заклетва, беа присутни многубројни официјални претставници, меѓу кои и премиерот на земјата, Педро Санчез. Според „Ел Паис“, на настанот биле присутни 585 гости.

„Се колнам дека верно ќе ги извршувам своите должности, ќе ги заштитам и ќе се погрижам да се почитуваат Уставот и законите, како и да се почитуваат правата на граѓаните и автономните заедници и лојалноста кон кралот“, рече принцезата при полагањето заклетва.

На почеток