Свет

Русија го казни Гугл со 50,8 милиони долари: „Не ги отстранија лагите за конфликтот во Украина“

Русија го казни Гугл со 50,8 милиони долари: „Не ги отстранија лагите за конфликтот во Украина“

Руски суд денеска го казни Гугл со 4,6 милијарди рубљи (50,84 милиони американски долари) затоа што не отстранил „лажни“ информации за конфликтот во Украина, јави новинската агенција ТАСС. Русија е во речиси постојана битка со странските технолошки компании поради цензурата, која се интензивираше по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Русија тоа го нарекува „специјална воена операција“. Москва ја „пресече“ казната на Гугл во износ што претставува дел од годишниот промет на компанијата во Русија. На крајот на 2021 година Русија го казни Гугл на ист начин во износ од 7,2 милијарди рубљи и во август 2022 година кога казната беше 21,1 милијарди рубљи.

Гугл, во сопственост на Алфабет, не одговори веднаш на барањето за коментар. Јутјуб, исто така во сопственост на Алфабет, е посебна цел на гневот на Русија, но за разлика од Твитер и Фејсбук и Инстаграм, кои се дел од Мета, тој никогаш не бил блокиран.

На почеток