Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се повредени во несреќа што се случи во рудник за јаглен во североисточната провинција Хејлонгџијанг, јавува денеска кинеската државна телевизија „CCTV“.
Рударите биле во рударски возила под земја кои излетале од шините, објавија кинеските државни медиуми, пренесе АП.
Несреќата се случила во средата попладне во градот Џикси, провинцијата Хеилонгџијанг, во рудникот Кунџуан, како што јавија денеска кинеските медиуми.
Кина работи на подобрување на безбедноста во рудниците за да спречи несреќи, кои повремено се случуваат, соопшти американската агенција.
Минатиот четврток, три лица загинаа во несреќа што се случи во кинеската провинција Шанкси, која произведува јаглен.