Скопје

Арсовска лута оти се зборува за елката: Догодина ќе почнеме од септември да китиме

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека Скопје догодина ќе биде накитено во септември. Нејзе и пречи што тема во медиумите е елката на плоштад, која дури и во регионот е прогласена за несреќна и грда. Во гостувањето во „Тешкки мубаети“ да се занимаваат со крадењето, а не со украсувањето и елката. Ова е едно од ретките појавувања на Арсовска во медиумите, ако се има во предвид дека не одговара на прашања, Градот е затворен за одговори на прашања од граѓаните, а впечатокот е дека Скопје има царица а не градоначалничка. Арсовска рече дека за елката се прави хистерија.

„Сега китењето чини 30.000 евра, порано чинело 300.000 ерва. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености“, вели Арсовска

Таа се пофали дека има седум елки на плоштадот, а украсувањето ќе се плаќа од градската каса.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, тврди дека на скопскиот плоштад има поставено седум елки и го обвини својот претходник Петре Шилегов дека трошел по 300.000 евра. Ова Арсовска го рече во синоќешното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, како реакција на коментарите на Шилегов.

На почеток