Свет

Студент е лицето кое уби 10 луѓе во Прага со масовен напад

24-годишен студент е напаѓачот од Прага

Дадвид Козак – дваесет и четиригодишен студент стои зад нападот на Универзитетот во Прага, јавуваат чешките медиуми.

Според последните информации, во нападот загинаа 10 луѓе, а повредени се над 20, од кои 9 се во тешка состојба.

Чешките медиуми јавуваат дека напаѓачот бил ликвидиран од страна на полицијата, а има и информации дека се застрелал. Се чека на официјалните извештаи на чешките власти.

Пукањето се случило во зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во чешката престолнина.

На социјалните мрежи објавени се голем број видеа и фотографии.

На почеток