Магазин

„Новогодишна Бајка“ во паркот Авионче во Аеродром

Koга ноќта ќе започне, улиците ќе светат со треперливи светла, маѓепсувачката атмосфера на божиќните базари ве повикуваат, создавајќи новогодишна земја на чудата што ги плени срцата на сите што ќе ги посетат. Посетата на божиќен базар е како влегување во празнично царство каде оживува празничниот дух, па затоа дадете им шанса и посетете го новогодишниот базар „Новогодишна Бајка“.

Од 25 до 27 декември, скопски Аеродром ќе оживее со радост и магија во паркот Авионче во Аеродром, каде што „Новогодишна Бајка“ ќе биде неопходна дестинација за сите љубители на добрата забава и предновогодишниот дух.
Фестивалот на вино, вода и храна обвиткан во празнична новогодишна тематика, ќе им понуди на скопјани дополнителна бесплатна забава во предвечерието на Нова Година.

Оваа година, под отвореното небо ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.

Освен музички репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ ќе имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што ќе бидат достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи.

Дополнително, и за најмладите, ќе имаме низа забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!

Не пропуштајте шанса да ја завршите оваа 2023 година со магично искуство на „Новогодишна Бајка“ во паркот Авионче. Придружете ни се заедно со Вашите пријатели и да ги исполниме сите три дена со радост, смеа и добра забава.
Настанот е финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.

На почеток