Македонија

Медиумските работници да бидат ослободени од придонесите – ВМРО-ДПМНЕ поднесува амандман, на чекор е власта

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави амандмани во Собрание, со кои ќе се интервенира во буџетот во корист на медиумите. Според него, за да се помогне на сите медумски работници, треба да се ослободат од придонеси – се освен плаќањето на персонален даонок.

“Ќе има амандман кој што има за цел се помогне на медиумите. Амандманот ќе биде во целост следната година, сите медиумски работници да бидат ослободени од придонесите. Се освен за персоналниот данок. Тоа се околу 10 милиони на годишно ниво. Ако тоа се поддржи, барем овие пари да бидст вратени со поголеми плати кај медиумските работници”, рече Мицкоски на брифинг со новинари.

Тој повика власта да го прифати амамднамнот, доколкуи тоа не се случи – кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе го имплементира во буџцетот.

“Најголема е веројстноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изнроите, а голема е веројатноста да ја формира и следната Влада, па ќе го направиме тоа”, кажа Мицкоски.

Според него, ако има волја, лесно ќе се заврши.

“Ова ќе биде за сите медиуми, без разлика дали се критички или не, дали се портали радија или нешто друго”, посочи Мицкоски на брифингот.

Импликациите според, нивните пресметки ќе бидат 10 милиони луѓе на годишно ниво.

На почеток