Македонија

Љупчо Коцевски останува осамен во трката за државен обвинител

Обвинителот во Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, останува осамен во трката за државен обвинител. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење единствено за него. Предлогот патува до Владата, а потоа, оттаму до Собранието на гласање. Членовите кажаа дека неговата документација е комплетна и уредна, за разлика од документацијата на кандидатот Фатиме Фетаи.

Од трката излегоа Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ. Според членовите, Раичевиќ не е подобна да биде државен обвинител. Таа ќе остане во скопското Обвинителство.

За да биде избран нов државен обвинител, треба пратеничка поддршка од 61 глас. Доколку Коцевски не добие неопходно мнозинство, тогаш постапката се повторува и се распишува нов оглас.

На почеток