Ковачки: Нервозата кај Петровска не е од мене, таа ќе излезе на виделина кога СДС ќе ги објави листите за пратеници
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, возврати на обвинувањата од министерката Славјанка Петровска.
“Многу нервоза во текстот на госпоѓа министерка!
Нервозата не е предизвикана од мене, а најверојатно не е ниту од Судот. Нервозата е поради тоа што вистината ќе излезе на виделина во момент кога сдс ќе ги прави листите.
А на листите пак тесно, на анкетите уште потесно- нема место за вакви политички габарити.
Само 3-4 места добитни, а гужва пред гол. И што ќе речат оние кои ја прават гужвата за потенцијалните кадри кои потенцијално го кријат семејниот имот пред граѓаните, а сдс ко сдс секогаш се “грижи” за граѓаните цели 20 денови во кампања.
Министерке, фокусирајте се на работата за која Ве плаќаат граѓаните. Уште малку време Ви остана. Може и ќе излобирате да Ве стават на листа.
Одговорете и’ на македонската јавност зошто се расфрлате со народни пари и наградувате едни исти лица во МО – Ваши партиски послушници, за наводни зголемени ангажмани и постигнати резултати, па дури и кога се на годишен одмор (?!)”, напиша тој.