Црн петок во Струга: Прегазен пешак, со тешки повреди е во болница

Од
Објавено на

Фото: Илустрација
Пешак е прегазен во Струга и со тешки повреди е однесен во болница.
„На 29.12.2023 во 11.10 часот било пријавено дека во Струга патничко моторно возило „пежо“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(33) од с.Вевчани, удрило во Џ.П.(80) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.
