Македонија

Пропадна 14. тендер за изградба на Чебрен – нема да се активира банкарската гаранција на фирмата

Битиќи и Шукова во Велес: Социјалните станови се повеќе од градба, тие се дом за оние на кои најмногу им треба

Пропадна 14. Тендер за изградба на Чебрен. Министерката за животна средина, Каја Шукова кажа дека нема да се активира банкарската гаранција, а истата не е ниту активна. Шукова кажа дека понудата не е повлечена за да се наплатат пари од компанијата, туку истекла банкарската гаранција и со тоа се запира склучувањето на договорот.

„До 31.12. не пристигна продолжување на банкарската гаранција кој беше избран од Владата. Не е активен ниту понудувачот. Ја разгледавме тендерската документација, Министерството како надлежно ќе информира дека ќе достави одлука за поништување на постапката. Додека беше активна банкарската гаранција, понудувачот требаше да склучи договор со ЕСМ за заедничко вложување. Тоа не го направи“, вели Шукова.

Министерството ја потсетило фирмата дека им истекува банкарската гаранција, 15 дена пред тоа да се случи. Компанијата пак, се жалела дека условите на Владата им го комплицирало процесот на обезбедување пари од банките.

„Тие се жалеа за владината одлука, меѓудругото компанијата соопшти дека има определени услови кои не и даваат добри можности да обезбеди средства од банките за да го гради Чебрен. Тие услови не беа дел од тендерската документација. Не можеше Владата да ги прифати, во однос на другите кои подигнаа тендерска документација и се јавија“, додава Шукова.

Компанијата со овие услови не може да обезбеди заеми од банките, станува збор за милијарда евра, смета Министерството за животна средина.

На почеток