Македонија

Започна и веднаш се одложи повтореното судење за трагичната смрт на Теодора

Во тетовскиот суд започна и веднаш се одложи повтореното судење за сообраќајката во која загина 22-годишната Теодора Ристовска.

Судијата информираше дека се отсутни обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.

Пајазити, стои во образложението, се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина судењето.

Ова е инаку повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор. Апелацискиот суд во Гостивар му ја намали казната на две години, по што Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето во Основен суд Тетово.

„По две и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студентка која се бореше за своите права, имаше соништа и беше човек со огромна душа. Овие луѓе денеска тука дојдоа да ни дадат поддршка, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно и колку солзи треба да пролееме“, изјави Ева Ристовска, сестрата на Теодора.

Теодора беше прегазена на пешачки премин на 15 август 2022 на булеварот Видео Смилевски-Бато.

Судењето е одложено за 27 март.

На почеток