Случајот Онкологија и случаите на Гинекологија покажуваат дека во здравството никогаш не било полошо, алармира ВМРО-ДПМНЕ
„Власта предводена од СДС и ДУИ го урниса здравствениот систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Власта на СДС и ДУИ го уништи здравството редејќи скандали. Наместо да инвестира во медицински кадар, во апарати и во инфртаструктура во здравството ги полнеше своите џебови, а заборави на граѓаните.
Власта на СДС и ДУИ ја сведе довербата на граѓаните во овој ресор на минимум. Тоа го стори особено со скандалот Онкологија.
Скандалот Онкологија за кој сите знаеја веќе две години, власта предводена од СДС и ДУИ го обелодени кон крајот на септември минатата година. На Клиниката за онкологија се работело без протоколи, без стручни колегиуми, оттука дел од пациентите не добивале воопшто терапија. И зошто? Само лица од власта да профитираат од маката на граѓаните. Сето тоа пациентите ги чинеше скапо, ги чинеше живот.
По овој и по скандалите кон крајот на минатат година на Клиниката за гинекологија се гледа само мешање на власта предводена од СДС и ДУИ и во ресорот кој живот. Овие скандали покажуваат дека менаџментот во здравствените установи е исклучиво политички избор, а се заборава на стручноста. Се заборава на граѓаните кои плаќаат скапо, плаќаат со живот.
Во здравството никогаш не било полошо! Затоа треба да се стави крај на лошите политики на СДС и ДУИ!“.