Македонија

Силвана Бонева ослободена од случајот “Друмарина” на СЈО за патни трошоци

Основниот кривичен суд Скопје, донесе ослободителна пресуда за поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и член на ДИК, Силвана Бонева во предметот „Друмарина“, соопштија од судот.

Таа беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство за кривичното дело Измамаа во службата.

Бонева и самата објави дека по шест години е ослободена од обвинение за лажно претставување на патни трошоци со цел да прибави поголема материјална корист од Собранието.

Бонева беше обвинета за поднесување лажни фискални сметки, односно од други лица и со нив наплаќала патни трошоци во периодот додека беше пратеничка.

„Ослободителна пресуда! После 6 години голгота, правдата победи! Вистината излезе на виделина”, се огласи Бонева.

Таа тврди дека се срушија како кула од карти лагите и клеветите дека божем нешто злоупотребила, а Oбвинителството како докази подметнало туѓи фискални сметки од други лица.

На почеток