Македонија

СМС пораки за подигање пасоши за оние кои се фотографирале во МТВ или во ПС Пролет

Се олеснува подигањето пасоши за граѓаните на Скопје.

МВР соопшти дека од понеделник (19 февруари), ќе се олесни подигнувањето готови пасоши за граѓаните кои се фотографирале во објектот во МРТВ или во полициската станица во населбата Пролет во Скопје. Тие ќе добијат СМС-порака преку која ќе бидат информирани дека можат да дојдат да си го подигнат пасошот.

Исто така, оваа информација ќе можат да проверат на интернет страницата mvr.gov.mk дали нивниот пасош е изготвен.

МВР апелира, граѓаните доколку немаат добиено СМС-порака или доколку на интернет страницата на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот во МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов.

За оние граѓани кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, МВР известува дека ќе си ги земаат пасошите на ист начин како досега.

На почеток