Македонија

Крими-скандал: Директор на центар за социјални работи, приведен за трговија со дрога, тврди Стоилковски

Тренчевска: Работиме на менталното здравје со младите за младите

„На крими-скандалите на СДС им нема крај. Директор од СДС, пулен на Јована Тренчевска, прв човек на институција за социјални работи во Радовиш, е фатен од полицијата за трговија со дрога“ вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога.

За тоа има и полициски записник, дека е приведен, дека е пронајдена опојна дрога и дека следува поднесок.

Почитувани, ова е тежок скандал. Прв човек на центар за социјални работи, центар за луѓе во социјален ризик, центар за деца во ризик, центар кој е одговорен за трезвеност во носење одлуки за помош на деца и семејства во ризик, меѓу кои и помош за состојби предизвикани од зависности, таков центар е воден од директор, кадар на СДС, фатен во трговија со дрога.

Почитувани, легитимно е прашањето дали одлуките коишто се носени во меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш, директорот Филев, избор на Јована Тренчевска, ги носел воден под дејство или во врска со неговата ноќна активност, да повторам, фатен во 5 до полноќ во Штип од полициски службеници од одделот за недозволена трговија со дрога?

Почитувани, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, време е да си ја вратиме државата!

На почеток