Македонија

(Фото) Филипче излезе од сенка во пресрет на изборите

Докторот Венко Филипче по паузата откако го тргнаа од министерската функција, пак се врати на политиката. Излегува на терен, се среќава со граѓани, држи говори и објаснува зошто треба да се гласа за СДСМ на претстојните избори. Пред неколку денови, тој беше во Радовиш, каде се отвораа општински штабови. Речиси и да нема објавена фотографија без него на неа.

„Партиските простории се тесни за да ја соберат реката од народ на отварањето на штаб на СДСМ во втора месна!!! Ова е само мала најава за двојната победа на СДСМ!!! Гостин: д-р Венко Филипче“, стои во објавата.

Иако не е официјално објавен како носител на листа, се потврдуваат неофицијалните информации дека тој ќе биде носител на СДСМ во Изборната единица 4. Филипче важи за близок чоек до експремиерот Зоран Заев, а од политиката излегоа речиси истовремено. Филипче е познат и ценет доктор, додека како министер беше ептен фален, па ептен критикуван поради постапките кои ги имаше.

На почеток