Македонија

(Видео) „Па дајте докази! Нема ни помисла за бегство, не се знае со никој од осомничените“, вели адвокатот на таткото на убиената Вања

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, верува дека од прв ден тој нема никаква вина. Според него, одреден му е превентивен притвор, без никакви докази. Посочува дека четири месеци не е предочен ниту доказ, а ниту индиција од кој би произлегла основаност на сомневањето за притвор.

„Па дајте докази, како смета тој јавен обвинител, кои се фактите и доказите дека ќе се даде во бегство. Јас за такво нешто немам ниту индиција, ниту помисла. За мене работите се јасни“, рече Туфегџиќ.

Според него, во решението нема аргументација за притворот. За тврдењето на Обвинителството дека Ѓорчевски може да влијае на сведоци, Туфегџиќ посочи дека тоа е уште една непоткрепена теза.

„Кои се тие сведоци на кои може да влијае, ако се сослушани клучните шесте сведоци, кои биле со него во непосреден контакт, 24 часовен, во критичниот период. Јас ги предложив тие сведоци“, рече Туфегџиќ.

Ѓорчевски е во притвор поради наводен контакт со сега избеганиот Љупчо Палевски-Палчо, за кого Туфегџиќ е дециден дека не постоел.

„Не знае никого (од осомничените), ќе го прашате јавниот обвинител од каде му се нему дека тој некого познавал и од каде му е него сомневањето дека тој подолг временски период бил во контакт со лице и така натаму. Тоа ќе го прашате јавниот обвинител. Јас такви сознанија немам, ниту јавниот обвинител ме удостоил, што е негова законска обврска, да ме повика и да ги предочи“, додаде адвокатот.

На почеток