Почнува одмаздата на Путин
Украинската армија започна големи офанзивни операции на почетокот на овој месец со цел да успее да навлезе во руските погранични региони, пред се во Белгород.
Руската војска одговори со голема кампања на копнени и воздушни операции за уништување на овие сили.
Режимот во Киев прибегна кон употреба на „терористички методи“ на војување, но сите обиди за пробивање на руската граница пропаднаа, изјави претседателот Владимир Путин.
Говорејќи на состанокот со претставници на ФСБ во вторникот, Путин ја повика домашната разузнавачка служба на Русија да не ги заборави оние руски национални „предавници“ кои им се приклучија на украинските диверзантски и извидувачки групи кои се обидуваат да се инфилтрираат на границата во последните денови и недели.
Целта на диверзантските групи беше да извршат „терористички напад“, но претрпеа големи загуби, рече Путин.
Претседателот додаде дека зад манифестациите на тероризам и екстремизам во Русија јасно се гледаат траги од западните разузнавачки служби.
„Од ФСБ и вработените во сите руски специјални служби, народот на Русија очекува огромна концентрација и голема посветеност, ефикасни и офанзивни операции“, рече Путин.