(Видео) На Еди Рама не му се допадна прашањето кое го постави новинарката, па ја оттурна
Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета10“, Еди Рама ја турнал репортерот на телевизијата СИРИ откако таа му поставила прашање.
Наводно, новинарот го прашал премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи. Целиот инцидент е снимен на камера.
Ве молам, не ме допирајте повеќе – рекол новинарот додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува Блиц.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024