ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски едно кажува, заборава што рекол па зборува спротивно-велеше
,,Пендаровски едно кажува, па заборава што рекол, па после зборува сосема спротивно. Тоа е неговата главна карактеристика. Некои тоа го нарекуваат лажење, но во неговиот случај ние ќе речеме дека е колизија со вистината.
Огромен е бројот на изјави во кои Пендаровски го негирал Стево.
Еднаш велеше дека нема видено Француски предлог, за после некое време да рече дека Францускиот предлог е всушност изработен од него.
Можеби Пендаровски заборава што зборувал вчера, ама граѓаните, медиумите и интернетот паметат. Ние само го соочуваме со вистината за тоа дека ставовите ги менува почесто од краватите. Можеби за Пендаровски тоа е болна вистина, но тука ние не можеме да му помогнеме. Одговорите за сите овие спротивставености Пендаровски ги должи пред себе, но и пред граѓаните и јавноста.
Пендаровски го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и достоинството на државата. Време е за промени.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.