Таравари: Победата на 8 мај е завршена работа, бранот на промени не запира
Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари во емисијата „Интервју“ за ТВ News, изјави дека на изборите ќе победи коалицијата ВРЕДИ, а тоа го потврдуваат сите анкети.
Според Таравари, ДУИ секогаш со релативизирање пропагирала дека сите политички партии се исти, но тоа, како што вели Таравари, не е точно затоа што се разликуваат.
„Мораме да и разјасниме на јавноста дека имаме разлики. Првата разлика е во тоа што на Албанците им требаат промени. Кako секој народ, како и секој друг народ и држава. Дури и да беше се во ред, 22 години се предолги“, рече Таравари.
Таравари нагласи дека по 8 мај коалициата ВРЕДИ ќе биде во идната Влада, додека Владата ќе биде тест период кој ќе влијае и на локалните избори во 2025 година.
„Често сум зборувал за победата на 8 мај. Не ја ни сметам оваа победа затоа што ја сметам за завршена работа бидејќи има бран на промени што не запира. Мораме да се концентрираме и на 2025 година. Затоа што имаме 1 година влада во владата што ќе ја формираме на 8 мај, има локални избори до октомври 2025. Ако не владееме добро, не демонстрираме добро владеење, не му покажуваме на граѓанинот дека владееме многу поинаку и многу подобро, тогаш во октомври 2025 година, граѓанинот може да се разочара и да не осуди со глас, и таму ќе биде нашиот прв тест како нова влада“, рече првиот човек на АА, Арбен Таравари.
Во враска за можниот резултат на парламентарните избори, Таравари нагласи дека коалицијата ВРЕДИ стои добро, но доминира во изборна единица број шест.
„Во сите изборни единици сме многу добро, но шестата единица коалициата ВРЕДИ ќе направи неверојатен резултат и разликата е многу голема. Но и во други ИЕ мислам дека ни оди многу добро, ние сме во водство, само во ИЕ број пет каде што треба да работиме со посебен план за нејзино консолидирање и верувам дека и таму ќе биде многу позитивно изненадување за коалициата“, рече Таравари.