Армијата мора да се подготви за војна
Британската војска мора „вистински да се подготви за војна“ за да може да ги одврати заканите, предупреди група поранешни британски шефови за одбрана и безбедност.
Тие исто така сметаат дека сегашната големина на вооружените сили на Велика Британија е веќе под „критичната маса“.
Имено, британските медиуми денеска објавија дискусија во која на 27 февруари учествуваа поранешниот секретар на британската влада и советник за национална безбедност Марк Седвил, поранешниот шеф на НАТО и поранешен министер за одбрана Џорџ Робертсон и поранешниот шеф на британските вооружени сили генерал Дејвид Ричардс.
Поранешните функционери изјавија дека кредибилитетот и борбената моќ на британската армија опаѓа повеќе од 20 години, како и дека моралот на армијата е низок.
Поранешните функционери повикаа на нов модел за британската војска што ќе и овозможи да биде подготвена за војна.
Тие посочија дека Велика Британија мора да им сигнализира на своите противници дека е воено силна и сака да стане посилна, а во исто време нема интерес прво да нападне кој било „неагресивен град или земја“.
Дискусијата се одржа во услови на зголемена загриженост поради неуспехот на британската влада да ги зголеми трошоците за одбрана во буџетот, и покрај тоа што министерот за одбрана Грант Шапс предупреди дека светот е во опасност од војна и дека Русија сè уште води голема војна во Украина, објави Sky News.