Украина ја добива потребната муниција за 15 дена
Артилерија и друга муниција наменета за вооружените сили на Украина треба да пристигнат во таа земја за 15 дена, изјави министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров.
Според него, неколку земји ќе испратат помош во форма на артилерија и муниција во Украина. Само Германија ќе испрати помош во вредност од 500 милиони евра: 190 илјади артилериски гранати, 100 единици оклопни возила и уште 100 единици за транспорт.
Исто така, Белгија ќе обезбеди 300 оклопни борбени возила „Ивеко Линк“, артилериски гранати и 3 миночиста во вредност од 400 милиони евра. Белгија и обезбеди на Украина два авиони и 50 војници за обука на Украинците на американските ловци Ф-16 во Данска.
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека од април Украина, која се бори со големи проблеми на фронтот поради блокадата на помошта во американскиот Конгрес, ќе има доволно муниција.
Според извештаите, Канада ќе додели и 29,5 милиони долари на Украина за набавка на муниција, а Финска треба да испрати борбени чамци.
Најавено е и дека Полска и Германија ќе создадат коалиција на оклопни возила за Украина, а би можеле да им се придружат и Велика Британија, Шведска и Италија.
Понатаму, Чешка ќе ги испрати првите 300.000 од најавените 800.000 муниција купени со пари од партнерите до јуни. По тој повод, претседателот на Чешката Република Петр Павел изјави дека „Европа ќе почне да произведува доволно муниција за потребите на вооружените сили на Украина“.
Да потсетиме, Русија го искористи недостигот на оружје и муниција што пристигнува во Украина од Запад, а секојдневно пристигнуваат извештаи за напредокот на руските сили на боиштата низ Украина.