Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект. Новиот парк освен содржини за забава ќе има и ресторани и поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун, пренесува Вечер.
–Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината.Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – истакна Петре Шилегов.