Ни ја зедоа државата, алармирашe Ванковска
Од средби со граѓаните чувствувам дека народот одговара на нашите повици, апели, принципи. Така што, не сме саде ние, не сме саде тука! Не има многу. Во Тетово додека ја пееме химната тоа е субверзивно дело. Ја пеевме Интернационалата. Таа е уште посубверзивна. Кога ќе спомнете Левица или Ванковска тоа ги вознемирува. Ако нека ги вознемирува. Блокираат улици, носат по двеста автобуси, прават спектакли. За мене политиката е борба за живот. Или ќе не биде или не. За нив е бизнис, истакна Ванковска на обраќањето од Музејот на тетовскиот крај во Тетово.
Во говорот Ванковска се осврна и на соживотот. Од Тетово порача дека пред неа како претседателски кандидат, но и пред Левица е долга борба. „ Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога една од противкандидатките зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд“, рече Ванковска.
Понатаму во говорот се осврна и на тоа дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.
-Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња од улици од социјални мреж. Тоа што го кажа Апасиев „Ќе ги растуриме на дебати“ ги уплаши. Така да сега бегаат од мене и од соочувања.
Понатаму додаде дека сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат. „На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“, рече Ванковска.
По Ванковска се обрати Игор Димески носител на листа на ИЕ2. Тој истакна дека од градот во кој е создадена Комунистичката партија на Македонија сака да испрати порака дека ако сега потфрлиме прашање е дали ние воопшто како нација заслужуваме да имаме држава.