Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ
,,
Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.
Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација.
Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО.
Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.
Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај.
Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард.”, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.