Свет

Полска ги подигна борбените авиони

Оперативната команда на полската армија рано утринава соопшти дека воените авиони на таа земја и нејзиниот сојузник НАТО оперираат во полскиот воздушен простор поради големиот руски ракетен напад врз Украина.

Во објава на социјалната мрежа Икс се наведува дека поради кревањето на тие авиони „нивото на бучава” е зголемено особено во југоисточните делови на Полска.

„Вечерва беше следена интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, поврзана со ракетни напади врз објекти лоцирани на територијата на Украина. Беа започнати сите потребни процедури со цел да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор, а Оперативната команда на вооружените сили на Полска постојано ја следи ситуацијата“, се вели во соопштението.

На почеток