Во Зоолошката градина во Скопје денеска е поставен еден од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски. Тие се изработени од рециклиран железен отпад и досега беа во паркот во населбата Автокоманда.
Диносаурусите во Зоолошката ќе стојат до јуни.
„Со донирањето на овие скулптури, авторот се вклучи во нашата кампања за разубавување на Зоолошката, ‘Креирај и донирај‘“, велат од Зоолошка.