Скопје

Танасоски: Поуспешна и поорганизирана борба против царински измами, недозволената трговија и криминал

Во борбата против организираниот прекуграничен криминал, кој е поставен во главниот фокус на работата на Царинската Управа, од клучно значење е воспоставувањето на институционална соработка со што поголем број релевантни институции, со цел учество во заедничките акции, размена на информации, сознанија и добри практики.

„Во таа смисла, за интезивирање на соработката со Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (SELEC) и државите кои учествуваат во неговото работење, која за жал во изминативе години не била со оптимален капацитет, денес во просториите на Царинската управа остваривме средба со Генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (SELEC) г-ѓа Снежана Малеева.

На средбата, на заедничко задоволство и Царинската управа и SELEC ја потврдија заедничката намера за максимално искористување на расположивите инструменти и поволностите кои ги нуди центарот, со што ќе се постигне поуспешна и поорганизирана борба против царински измами, недозволената трговија и криминал“, истакна директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток