Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски
,,Изборот на 24 април сега е кристално јасен.
Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.
Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.
Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. Стево е претседател на граѓаните и претседател на сите граѓани.
На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на белата палата туку вистински претседател, со свој став и државничко чувство за најважното, иднината на државата.
Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.
На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.
Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.
Ве повикувам да излезете на 24 април и да го направите изборот.”, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.